Мета: Решавањето на прашањето за името е важно за Македонија и целиот регион

 

Претседателот на Република Албанија, Илир Мета денеска остави средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи во Тирана. На средбата тој истакнал дека решавањето на прашањето за името е од исклучителна важност, не само за Македонија, туку и за целиот регион, со цел да се добие покана за членство во НАТО, објави МКД.мк.

На средбата се разговарало за важноста на европското интегрирање на Албанија и Македонија, како и регионот.

Мета ја истакна важноста што ја има активното ангажирање и вклучување на Демократската партија на Албанците – ДПА, како и сиот албански политички фактор во Македонија во овој важен процес", се наведува во соопштението објавено од кабинетот на Претседателот на Република Албанија.

 

 

 

26.05.2018 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа