„Место за живот кое има сè! Вистински дом! Не само стан"

Новиот комплекс на Голден Арт во Аеродром, 4° е времеплов во идното модерно урбано живеење со највисок енергетски стандард кој гарантира сметки до 6 пати пониски во однос на објекти кои не се градени по систем од оваа класа на енергетска ефикасност.

Ретко која градежна компанија навистина ги зема предвид поголемиот дел групи на купувачи на станови. Самохран родител, млад брачен пар, семејство со повеќе деца, грижливи баба и дедо кои сакаат да остават нешто убаво на идните генерации и сл. Во потрага по објект кој спојува широка понуда, одлична локација и најважното од сè - докажан квалитет на градба, доаѓаме до општина Аеродром и комплексот „4°“ на лидерите во модерното градежништво, Голден Арт. Овде нивното мото навистина доаѓа до израз – Дом.Не само стан.

Затворениот комплекс кој полека, но сигурно го добива својот изглед, ќе биде опкружен со богати зелени површини и е лоциран на потегот помеѓу бул. “3-та Македонска Бригада” и бул. “Србија” во Аеродром. Креиран е да го понуди сето она што едно модерно живеење треба да го нуди. Отворениот поглед е како од рекламните спотови – започнувањето на денот и секое ново изгрејсонце е пред вас и ве исполнува со ведрина, чувство на позитивност и оптимизам.

Локацијата нуди пристап до било која точка на градот, па така предизвиците се полесни за соочување и надминување. А будењето со природно светло од исток нуди гарантирање на мирот зошто истата е најприродна за целокупниот физички и психички развој на човекот.

 

 

Вашиот поглед кон околината е отворен, но вашата безбедност од околината е затворена и сигурна приказна. Принципот на затворен комплекс нуди идеална заштита за секој чиј дом ќе се најде тука, со модерни затворени заеднички простории за безбедност на вашите хоби елементи како велосипедите на пример. Шеталиштето ќе овозможи дружба меѓу станарите и најмалите, а еден куп детали како имањето на подземни контејнери навистина ќе го направи живеењето тука како времеплов во иднината на урбаниот живот.  

 

Новиот комплекс е граден по стандардниот Голден Арт систем со највисок енергетскипрофил кој гарантира сметки до 6 пати пониски во однос на објекти кои не се градени по систем од оваа класа на енергетска ефикасност. А тоа во ова време, навистина многу значи!

 

Службите за продажба на Голден Арт Ви стојат на располагање секој работен ден до 16ч и сабота до 13ч, на телефоните 071/225-888 и 075/225-888.

 

 

 

30.06.2022 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа