Месиќ за војната меѓу Русија и Украина: Европа не смее да се однесува како џуџе

 

Поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ, изјави за „Вечерњи лист“ дека „интервенцијата на Русија во Украина можеше да биде избегната“.

„Меѓу Кина и САД се води тивка економска војна. Постои не толку тивка меѓу САД и Русија, а постои репрезентативна војна во Украина, но постои и брутална војна“, вели тој.

Месиќ оцени дека „од санкциите најмногу страдаат граѓаните на Европа, а немаат мака оние што го предизвикаа судирот.

„Европа нема веќе евтино да ја купува енергијата. Сметам дека Европа поради тоа не смее да се однесува како џуџе“, рече Месиќ.

22.06.2022 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега