Мештаните 40 мин го реанимирале 12- годишното девојче: „Почина, некој ќе ми одговара за ова и ставив бројаница околу вратот“

"Ова падна врз неа, овој дел од куќата, ја оживеав повеќе од 40 минути. Немаше Брза помош, некој ќе ми одговара за тоа дете, верувајте ми. Ја познавав, верувајте ми дека некој ќе одговара. По 40 минути дојде Бра помош.таа Девојчето го славеше својот роденден пред пет дена “, изјави жител на Петриња, кој денес го погоди силен земјотрес со јачина од 6,2 степени.

"И ставив бројаница околу вратот. Ја барав ќерка ми и ја најдов. Дојде брза помош и си замина, и го држев пулсот. Ова е тежок ден, тежок ден", рекол човекот кој се претставил како Динко Радушевиќ.

 Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, не ја криеше тагата.

"Овде е како Хирошима, ми го нема половина од градот. Во моментов сум пред мртва о девојче која почина, чекајќи помош. Извлековме мало четиригодишно дете, градот е уништен, веќе не може да се живее во него. Катастрофа, мајки што плачат за деца . Ни треба помош, ни требаат служби за итни случаи", извика тој.

"Ова нема никаква врска со животот. Мојот град е целосно уништен. Имаме мртви деца. Ни требаат пожарникари, не знаеме што има под површината, падна покривот на еден автомобил, ни треба помош", изјави градоначалникот на Петриња за ХРТ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега