Месечна прогноза за Април: Погледнете какво време не очекува

Феноменот ЕЛ НИЊО полека но сигурно ја загрева Европа а тоа се гледа по долгиот период на натпросечно високите температури за овој дел од годината, исто така екстремно топол ќе биде и новиот месец кој ни доаѓа а тоа е месецот април кога очекуваме најголем дел од Европскиот Континент да биде екстремно топол, најтопло ќе биде во северните и во североисточните предели од истиот, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

Сепак и покрај ова на почетокот на април месец неофицијално има на видик спуштање на студен бран од север но и доколку се случи ова не би траело долго, се на се април месец ќе помине како што кажавме во знакот со натпросечно високи температури а исто така потопло од нормалното ќе биде и кај нас.

Исто така според моменталните анализи во најголем дел од Европа ќе има малку помалку врнежи од вообичаеното но тоа не значи дека ќе нема периоди со поинтензивни врнежи.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2019 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега