Месар и пејачка уапсени поради убиство во Смедерево

Делови од телото на 52-годишниот Милан Филиповиќ од Куршумлије, автопревозник и сопственик на локал во Швајцарија, кој исчезнал на 22. декември 2018 година, пронајдени се во Црвен канал кај Смедерево.

Родољуб Јовановиќ, месар уапсен поради сомнение дека го убил, а потоа и распарчил телото на Милан, признал дека му испраќал пораки на несреќниот човек за да го намами дома и дека тоа го правел од Фејсбук профилот на неговата сопруга Санела, пејачка, која со претприемачот од претходно била во контакт.

Роднините загрижени за исчзнувањето на Милан пријавиле во полиција, а на Фејсбук објавиле негова фотографија со цел негово побрзо пронаоѓање.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега