Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изрази мислење дека по повод одбележувањето на 35-годишнината од повторното обединување на Германија, било посоодветно како почесен гостин да биде поканет претставник од Источна Европа или од поранешна Источна Германија, наместо францускиот претседател Емануел Макрон.

Иако истакна дека нема забелешки на говорите на актуелниот канцелар Фридрих Мерц и претседателката на Бундесратот Анке Релингер, Меркел додаде дека симболиката на настанот барала поголема поврзаност со искуствата на луѓето од Истокот.

„Колку и да го почитувам претседателот Макрон, можеби некој од Источна Европа или Источна Германија можеше да биде избран за гостин-говорник“, изјави Меркел.

Според западни медиуми, изјавата на Меркел носи и политичка димензија – особено затоа што само неколку дена пред прославата, таа престојуваше во Будимпешта каде се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Некои извори шпекулираат дека токму Орбан бил личноста на која мислела Меркел кога говорела за „некој од Источна Европа“.

Овој коментар се чита како суптилна порака за потребата од поголемо вклучување на гласовите од Истокот во клучните европски и германски настани, особено оние што симболично се врзуваат со слободата, транзицијата и обединувањето.

Leave A Reply

Exit mobile version