Меркел пред одлука за најстроги мерки: Германија затвора сè, освен училиштата и градинките

Германската канцеларка Ангела Меркел сака состанок со премиерите на 16 германски покраини за затворање на рестораните и кафулињатa што ќе започне на 4 ноември.

Тоа ќе биде последниот во низата обиди да се запре ширењето на коронавирусот.Сепак, планот е да останат отворени училиштата и градинките.

„Ројтерс“, повикувајќи се на „Билд“, пренесува дека Меркел сака да ги затвори фитнес-локалите, казината и кината, како и театрите, операта и да забрани концерти, а продавниците да бидат отворени доколку одржуваат хигиена и да го ограничи бројот на присутни во една момент во затворен простор.

Што се однесува до рестораните, ќе може да се купува храна за носење и нема да може да се седи внатре, додава „Ројтерс“.

Федералната влада сака да обезбеди финансиска поддршка за компаниите кои ќе бидат погодени поради затворањето, додавајќи дека оваа програма ќе биде претставена пред јавноста попладнево.

Германците ќе можат да излезат на улица, но само во присуство на членовите на нивното семејство и евентуално на друго семејство.

Оние што не ги почитуваат мерките ќе бидат казнети, но деталите за казните засега не се познати.

Хотелите ќе можат да примаат гости, но само во посебни случаи и услов е тие да не бидат туристи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега