Меркел: По завршување на мандатот, ќе се наспијам и ќе шетам во природа

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека во период на пандемија нема време да размислува за нејзината иднина по напуштањето на функцијата шеф на германската Влада. Таа планира да го стори тоа откако ќе и заврши мандатот.

– Работата ми го одзема целото време, особено во периодот на пандемијата на коронавирусот, така што немам апсолутно време да размислувам што ќе правам понатаму. Ќе се наспијам, ќе шетам во природа и ќе мислам со што точно сакам да се занимавам. Се радувам за тоа, но засега со задоволство ја извршувам својата работа – изјави Меркел на настанот по повод 76-годишнината од ослободувањето на Холандија од нацистичката окупација.

Следните парламентарни избори во Германија ќе се одржат на 26 септември 2021 година без учество на сегашната канцеларка Ангела Меркел. Таа неколку пати изјави дека нема намера да се кандидира во име на конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ за функцијата шеф на германската влада и дека планира да ја напушти политиката по завршувањето на нејзиниот мандат.

На крајот на 2018 година, Меркел ја напушти функцијата претседател на партијата, но остана на функцијата канцелар.

Ангела Меркел е на чело на кабинетот од ноември 2005 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега