Меркел одбива да се вакцинира со „АстраЗенека“: Не спаѓам во групата на која и беше препорачано да се вакцинира

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нема да биде вакцинирана со вакцината на „АстраЗенека“.

Имено, иако ригорозната европска агенција за лекови ЕМА одобри вакцинирање со „АстраЗенека“ за сите над 18 години, германските научници не ја препорачуваат оваа вакцина за лица над 65 години.

Според Гардијан, дури четири петтини од вакцината на „АстраЗенека“ доставена во европските земји сè уште не е користена. Проблемот со одбивањето на „АстраЗенека“ е особено изразен во Германија.

Податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦД) велат дека од 6.134.707 дози дистрибуирани во 27-те земји-членки на ЕУ, дури 4.849.752 се неискористени.

Само во Германија повеќе од милион дози од вакцината на „АстраЗенека“ сè уште се чуваат, пред се затоа што луѓето не сакаат да се вакцинираат со оваа вакцина. Германија искористила само 15% од дозите на „АстраЗенека“.

Властите во Франција, Германија, Полска и Италија препорачуваат вакцинирање со „АстраЗенека“ само за оние на возраст под 65 години. Се чини дека ова е клучниот фактор што влијае на бавната употреба на оваа вакцина во земјите на ЕУ.

Меркел признава дека вакцината „АстраЗенека“ има слаб публицитет, но вели дека станува збор за сигурна вакцина

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, германската канцеларка Ангела Меркел призна дека луѓето ја одбиваат вакцината на „АстраЗенека“ затоа што се загрижени за ефективноста и безбедноста на вакцината, што пак е последица на слабиот публицитет.

– Има проблем со прифаќањето на „АстраЗенека“. Таа е сигурна, безбедна и ефикасна вакцина. Таа е одобрена од ЕМА и се препорачува во Германија за лица под 65 години. Сите релевантни органи ни кажуваат дека тоа е вакцина во која што можеме да имаме доверба. Но кога нема доволно, не можеме да избереме со што ќе се вакцинираме – рече Меркел во едно интервју.

На прашањето дали самата ќе се вакцинира со „АстраЗенека“, Меркел одговори:

– Јас имам 66 години и не спаѓам во групата на која и беше препорачано да се вакцинира со „АстраЗенека“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа