Меркел најави продолжување на строгите мерки до следната година

Германија ги продолжува мерките за делумно затворање до 10 јануари.

-Сѐ уште сме далеку од посакуваната вредност од 50 новозаразени на 100.000 жители во период од седум дена, истакна германската канцеларка Ангела Меркел по денешната средба со премиерите на сојузните држави.

Рече дека бројот на смртни случаи покажува колку голема одговорност имаат претставниците на федералните и провинциските влади.

Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох објави дека во последните 24 часа биле евидентирани 17.270 нови инфекции и 487 смртни случаи како резултат на инфекција со коронавирус, што е најголема вредност од избувнувањето на пандемијата.

Мерките воведени на почетокот на ноември и минатата недела продолжени до 20 декември, остануваат во сила до 10 јануари.

Мерките вклучуваат забрана за прифаќање гости во хотели и ресторани, како и забрана за културни институции како што се театри, опери, кина и спортски сали.

 

Забраната за собирање на повеќе од пет лица од две домаќинства е исто така во сила. На минатонеделната сесија било договорено да се релаксираат мерките за контакт за време на Божиќните празници, кога ќе им биде дозволено да се соберат до десет лица од повеќе домаќинства.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 23:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега