Меркел најави инвестиции: Србија има нешто што вреди

Германската канцеларка Ангела Меркел попладнево во Белград посочи дека односите меѓу двете земји се засноваат на соработка и доверба.

На заедничката прес -конференција со претседателот Вучиќ, Меркел рече дека и е драго што може повторно да ја посети Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и германската канцеларка Ангела Меркел денеска разговараа и за прашањето за заштита на животната средина, нагласувајќи дека доколку во Србија се реализираат какви било ископувања на литиум, се` мора да се направи во согласност со највисоките стандарди, заштитувајќи ја животната средина.

На новинарско прашање дали Германија е заинтересирана за литиумот во Србија, бидејќи САД и Кина исто така покажуваат интерес за оваа руда, Меркел рече дека, ако целиот свет е заинтересиран за тоа, и Германија е заинтересирана.

Канцеларката вечерва рече дека е оптимист кога станува збор за продолжување на Берлинскиот процес, како и дека целта е сите шест земји од Западен Балкан да учествуваат во интегративните процеси.

На заедничката прес -конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, таа рече дека секој избран германски канцелар ќе се залага за таков развој на настаните на Западен Балкан, што го вклучува и Берлинскиот процес.

Меркел денеска изјави дека членките на ЕУ имаат голем геостратешки интерес сите земји од регионот на Западен Балкан да бидат пример во ЕУ.

На новинарско прашање да го коментираат фактот дека некои велат дека земјите од регионот не станале подемократски и не се приближиле до ЕУ, таа рече дека треба да се разликуваат две работи.

 

13.09.2021 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега