Меркел: Многу е рано за ублажување на мерките

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е многу рано за ублажување на мерките воведени со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, додавајќи дека нејзината Влада би била лоша доколку сега го одреди датумот кога тие ќе бидат намалени.

На прашањето кога Германија ќе почне да ги ублажува мерките, со оглед дека Австрија денеска го најави својот план, Меркел на прес-конференција одговори дека Австрија во текот на целата криза била малку пред Германија.

Таа нагласи дека германската Влада би била лоша доколку сега размислува за датум, „бидејќи и понатаму се живее во пандемија”, потсетувајќи дека мерките се воведени до 19 април и тоа нема да се менува.

Германската канцеларка објасни дека за да се усвои одлука за ублажување на мерките е потребно да се исполнат повеќе критериуми, меѓу кои е стапката на репродукција на вирусот, како и „времето за двојно зголемување на бројот на заразени”.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега