Меркел и Макрон сакаат состанок со Путин и Ердоган

Првите луѓе на Франција и Германија, Ангела Меркел и Емануел Макрон изразиле желба да се состанат со Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган за да се пронајде политичко решение за Сирија.

Од февруари зголемени се борбите меѓу сириските и турските сили на северозападот во Сирија.

Провинцијата Идлиб е претежно под контрола на џихадистичката група Хајат Тахрир ал Шам и други бунтовници кои имаат поддршка од Турција, додека Русија ги поддржува силите на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Обединетите нации соопштија дека 900.000 луѓе од Идлиб ги напуштиле своите домови од почетокот на декември поради воздушните напади на сириските сили и нејзиниот руски сојузник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега