Меркел го губи трпението: Не е задоволна со мерките -„Мора да бидеме построги“

 Според Билд, канцеларката Ангела Меркел е згрозена од резултатите на германската борба против пандемијата на коронарниот вирус, пишува ДВ и прашува дали вирусот навистина излегол од контрола.

Дали во време на пандемијата, Германија навистина седи на „буре барут“ и дали одговорните „изгубија контрола“? Ако се точни само половина од тие цитати – и тие, според весникот „Билд“, доаѓаат од внатрешна видеоконференција со претставници на провинциите – тогаш Меркел дефинитивно го изгубила трпението, се наведува во текстот.

„Мора да бидеме уште построги, во спротивно ќе се вратиме таму каде што бевме пред 14 дена“, рече Меркел. Фактот дека канцеларката го изгуби трпението покажува и нејзината реакција на сè уште големата желба за патувања што владее меѓу жителите на Германија.

„За Божиќ 50.000 летаа кон Канарските острови и Малдивите“, наводно изјавила Меркел за време на конференцијата. А сепак – сто пати праша зошто таквите патувања не можат едноставно да бидат забранети, а потоа доби одговор што се чинеше дека е измислен за поранешните граѓани на ГДР: Германија е слободна земја.

 

Ако тие зборови навистина биле изговорени на конференцијата и ако канцеларката навистина добила такви одговори од покраинските премиери, таа со право е повредена, се проценува во коментарот.

Оние кои го негираат постоењето на коронавирусот, а некои од нив се деснчарките екстремисти, сакаат да се повикаат на фактот дека Ангела Меркел од ГДР тогаш кога ги осудуваат ограничувањата на граѓанските права, затоа што ги сметаат за неразумни.

Она што е сигурно е дека бројот на заразени полека повторно опаѓа. Но, тоа очигледно не е доволно брзо за да се запре ширењето на опасен, мутиран вирус во Германија. Исто така, сигурно е дека многу време се изгуби во тешко чекањето ЕУ да ја одобри вакцината, која сега се доставува со задоцнување.

Вознемирувачки е кога канцеларката – од многу преговори на бројни теми познати по челичните нерви – ја изгуби присебноста. Во јануари 2021 година, Меркел стана она што Американците го нарекуваат „куца патка“. Оваа есен се повлекува од функцијата канцелар. Тоа е една од причините зошто нејзиниот збор очигледно веќе ја нема тежината што ја имаше некогаш. Ова е особено затоа што покраините се суштински одговорни за спроведување на сите резолуции.

Сепак, многу покраински премиери со кои Меркел мора да преговара сакаат да бидат реизбрани. Тие знаат дека луѓето се уморни од пандемијата и копнеат за ублажување на строгите мерки.

На крајот од мандатот на канцеларката, Меркел не сака да остане запаметена како канцелар кој поради пандемијата не успеа да ги надмине последните препреки како шеф на владата. И тоа по надминување на финансиската криза, а потоа и тешките спорови околу приемот на бројни бегалци во есента 2015 година и во годините што следуваа.

Меркел се залага за мислење кое сигурно не е целосно погрешно – дека луѓето во Германија „премногу кукаат и се жалат“. Дури и сегашните мерки за заклучување, кои ги покажуваат првите ефекти, не се приближно толку строги како, на пример, ограничувањата во Италија, Шпанија или Франција.

Со други зборови: затворени ресторани, откажани летови и неколку недели без свежа фризура е нешто што канцеларката го смета за подносливо. Под тоа, таа не подразбира судбина на сопствениците на ресторани, културни работници и уметници кои, како и илјадници други приватни лица и самовработените, се плашат за своето постоење и економскиот опстанок.

Пандемијата во Германија е трка со времето. Бавниот почеток на вакцинацијата предизвикува лутина. Тешко е да се спроведат повеќе ограничувања од оние што се во моментот. Безброј збунувачки состаноци меѓу покраинските премиери и канцеларката им ввеа нервоза на сите. Единствената надеж што останува е дека хорор сценаријата за мутации на вируси нема да се остварат целосно.

Во моментов, Германија е прилично немоќна, а пролетното враќање во нормалниот живот со него се чини дека е многу далеку, заклучува коментарот на ДВ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега