Мерката од 14.500 денари по вработен им помогна на околу 120.000 вработени- четвртиот пакет мерки обезбедува уште поголема поддрша

Мерката од 14.500 денари по вработен им помогна на околу 120.000 вработени, четвриот пакет антикризни мерки обезбедува уште поголема поддршка на граѓаните и стопанството, велат утринава преку соопштение од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека стотици илјади работни места се спасени, обезбедена е помош за десетици илјади компании, благодарение на ефикасните и навремени мерки, што ги презеде Владата предводена од СДСМ за справување со економските последици од пандемијата со коронавирусот, која го зафати целиот свет.

„Само преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, во месеците април, мај и јуни со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени лица и околу 20.000 компании. Спасени се 120.000 реални работни места во нашата економија, обезбедена е егзистенција за 120.000 семејства. Финансиска поддршка добија и близу 6.000 самостојни вршители на дејности. Тие се поддржани со над четири милиони евра во април, мај и јуни годинава. Во фокусот на СДСМ се граѓаните и економијата. Токму затоа го подготвуваме четвртиот пакет антикризни мерки кој ќе обезбеди уште поголема поддршка на работниците и компаниите. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро.“ велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа