Менување на работното време во Македонија - на работа од 7 до 15?

За македонските комопании најисплатливо е тие да продолжат да работат  со истото работно време како досега од  8  до 16 часот.

Ова го коментираат од бизнис заедницата,  по донесувањето на одлуката на Србија за промена на работното време во администрацијата.  

Воедно бизнисмените велат дека ваквата одлука на Србија нема да влијае на трговските односи меѓу двете земји.

И за приватните компании и за самата администрација, евентуалната пормена на работното време кај нас ќе значи  прилагодување кон нови  навики и целосно реорганизирање на општеството- процес за кој е потребно повеќе време.

За празникот на трудот први мај владата на Србија одлучи во државната администрација да се работи  од  7 часот наутро до три часот на пладне.

Дел од граѓаните и мајките таму ја пофалија одлуката со образложение дека би имале повеќе време за себе. Ова работно време пред десетици години го практикуваа речиси сите земји од регионот.

 

 

07.05.2014 - 23:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега