Менкиноски: Ние ли македонците во сопствена држава да одговараме за тероризам?

 

Околу опшатата амнестија за “Крвавиот четврток” адвокатот Тони Менкиноски истакна дека воопшто не станува збор за тероризам и смета дека секој треба да си одговара за своите дела, но прашањето е за што. И ако збориме за амнестија треба малце да се вратиме наназад, рече тој, па од “Глобал” па се навака што се случуваше да ги преиспитаме настаните.

-Тоа е срамота за мене како македонец да бидат тие луѓе судени за тероризам. Па занете ли кој се суди за тероризам во Европа? Го вратија македонскиот народ квалификувајќи го делото како тероризам, назад 100 години. Значи кога македонците се бореле за своја држава. И сметам дека секој треба да си одговара, но прашањето е за што. Ние ли македонците во сопствена држава да одговараме за тероризам? Како не ви е срам? Знаете ли каква порака праќате кон цивилизираниот свет? Дека ние сме овде едно племе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега