Мемеди најави оставка од функцијата потпретседател на Собранието и од пратеник

Претседателот на НДП, Весел Мемеди денеска на прес-конференција рече дека не може да се пазарува со премиерот Зоран Заев за размена на Министерството за локална самуправа, бидејќи оваа министерство им припаѓа на Албанците.

Мемеди, кој е и потпретседател на Собранието најави дека ќе поднесе оставка на функцијата потпретседател и ќе го врати пратеничкиот мандат, а оставки ќе поднесат и сите директори и членови на управни одбори предложени од партијата.

Ваквата одлука, како што нагласи, партиските тела ја донеле откако Собранието го разреши министерот за локална самоуправа Сухејл Фезлиу.

-Бидејќи целата јавност знае дека сме дале збор дека ќе ја кажеме вистината и само вистината, денеска ја информираме целата јавност за нашиот став. Како прво, не може да има пазар за министерско место, бидејќи оваа министерство секогаш го воделе министри Албанци, и јас немам мандат да правам пазар во име на Албанците и да го доставам оваа министерство на коалициониот партнер на СДСМ, рече тој.

Како второ, како што посочи, нема никакво морално право, ниту друго право, да жртвува една чесна и способна фигура како што е министерот Сухејл Фазлиу.

Со предложената владина реконструкција  за нов министер за локална самоуправа е предложен претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2019 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега