Мелбурн го продолжи заклучувањето поради страв од индискиот вид на вирусот

Австралиската држава Викторија го продолжи заклучувањето во Мелбурн втора недела по ред, со цел да се спречи ширењето на позаразниот вид на коронавирусот, откриен во Индија, но ќе ги ублажи ограничувачките мерки во другите региони.

Викторија, втора по бројност држава во Австралија, започна да се заклучува минатиот четврток, а мерките требаше да траат до 3 јуни, откако беше забележан првиот случај на локално пренесување на коронавирусот по цели три месеци, објави „Ројтерс“.

Бројот на инфекции постепено се зголеми, а бројот на контакти за следење достигна неколку илјади.

„Ако не интервенираме, работите ќе излезат од контрола. Овој вид секако ќе излезе надвор од контрола и луѓе ќе умираат. Никој не сака да се повтори минатата зима“, рече вршителот на должност премиер на Викторија, Џејмс Мерлино, потсетувајќи на еден од најдолгите и најостри локдауни во Викторија за време на вториот бран на пандемијата.

Иако Викторија бележи едноцифрен број на заразени луѓе на дневно ниво од воведувањето на заклучувањето, официјалните лица стравуваат дека овој вид на вирусот може да се прошири и со минимален контакт.

Денес се откриени шест случаи на локално пренесување, а вчера девет, па бројот на заразени скокна на 60 во последниот бран.

Здравствените власти соопштија дека на новиот вид му треба само еден ден да се пренесе од човек на човек, во споредба со претходните соеви, каде пренесувањето траело пет или шест дена од контактот.

02.06.2021 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега