Мексико: Во експлозија на цистерна загинаа 20-на лица додека 36 се повредени (ФОТО)

Најмалку 20 луѓе загинаа, а 36 се повредени во експлозија на цистерна со гас во предградието на Мексико Сити во Екатепку.

Меѓу повредените има и осум деца, а при експлозијата оштетени биле најмалку 15 возила и 20 околни згради.

Според информациите, до несреќата дошло откако возачот на цистерната на патот накај Пачуки изгубил контрола над возилото, па цистерната удрила во неколку автомобили и автобус, па потоа експлодирала.

Секретарот Салвадор Неме на Твитер напишал дека 13 повредени се наоѓаат во тешка состојба и дека се соочуваат со зголемување на бројката на настраданите. 

 

најчитано сега