Меѓународниот сојуз, БМЈ Груп и Томато затаиле данок од 20 милиони евра

Меѓународен сојуз каде претседател беше Бојан Јовановски, БМЈ груп во чија сопственост беше 1 ТВ и Томато продукција во чии простории всушност беше сместена телевизијата, ќе заработат кривични пријави од УЈП.

Управата за јавни приходи утврдила дека не платиле данок на добивка, ДДВ и персонален данок во вредност од 20 милиони евра.

 

Како што информираат од УЈП на брифинг со новинарите, овој наод е резултат од извршените контроли во овие правни лица, но постапката се уште не е завршена бидејќи дел од раководителите на субјектите се уште не ги разгледале записници.

Од Управата посочуваат дека вршат контрола во уште една фирма, кој била поврзана со овие три фирми, и најавуваат дека ќе направат контрола на физичките даночни обврзници што работеле со овие фирми.

Воедно, од таму истакнаа дека лице кое не е многу познато во јавноста се пријавило да ги преземе фирмите и да ги плати нивните долгови, пренесе Фокус.

Јовановски е првоосомничен во Рекет и веќе е во притвор два месеци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега