Меѓународен бизнис-форум во Скопје: „Со соработка до побрз развој“

Со соработка до побрз развој“ е темата на меѓународниот деловен форум што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението на српски деловни субјекти и застапници во Република Македонија (СИДИС) во соработка со Амбасадата на Република Србија.

На форумот ќе учествуваат претставници на стопански комори и деловни субјекти од држвава, Србија, Република Српска (БиХ), Турција, Германија и Русија.

– Собирот првенствено е наменет кон продлабочување на билатералната економска и деловна соработка помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија, унапредување на соработката помеѓу земјите од регионот, како и можности за создавање нови и унапредување на постојните деловни врски меѓу компаниите, истакнуваат организаторите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2019 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега