Меган Маркл тврди: Кралското семејство не ме заштити додека бев бремена

Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл, верува дека, во времето кога била бремена, таа не добила заштита од кралското семејство од лажни написи во медиумите, што, како што тврди, ги предизвикало нејзините емотивни и психолошки тешкотии.

Овие наводи се изнесени во новите документи доставени од нејзиниот правен тим до надлежниот суд во судскиот спор што го води против весникот „Мејл он сандеј“ и компанијата во чија сопственост е весникот, пренесува „Скај њуз“.

38-годишната војвотка од Сасекс истакнала дека институцијата британска монархија не ѝ пружила заштита бидејќи таа станала „предмет на голем број лажни и штетни написи“ објавени во печатот за време на нејзината бременост, што кај неа предизвикало огромни емотивни проблеми и го нарушило нејзиното психичко здравје.

Меган поднела тужба против весникот и компанијата поради статијата во која биле објавени делови од ракописна порака, која таа ја испратила до нејзиниот татко Томас во 2018 година, со кого не е во најдобри односи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега