Меган Маркл имала спонтан абортус

Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус, и тоа додека во рацете го држела својот прв син Арчи.

"Тоа беше јулско утро, кое започна како и обично како и сите други. Правиш појадок. Ги храниш кучињата. Земаш витамини. Го бараш оној чорап што недостасува. Ја земаш боичката што се стркала под масата. Ја врзуваш косата пред да го подигнеш синот од неговото креветче. Откако му ја сменив пелената, почувствував остра болка. Паднав на подот со него во рацете, потпевнувајќи приспивна песна за да не смири двајцата, веселата мелодија беше силен контраст на моето чувство дека нешто не е во ред. Знаев додека го држев првороденото дете, а го губам второто “, опишала Меган.

"Неколку часа подоцна лежев во болнички кревет, држејќи ја раката на мојот сопруг. Почувствував како дланката е влажна додека ги бакнува зглобовите на рацете, мокри од нашите солзи. Загледана во студените бели ѕидови, очите ми светкаа. ", пишува Меган.

Потоа откри дека во тој најтежок момент од животот се сетила на интервјуто со Том Бредби, кога за малку ќе заплачела пред камерата. "Ви благодарам што прашавте. Малку луѓе ме прашуваа дали сум добро", одговори таа на прашањето дали е добро.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 23:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега