Меган Маркл и принцот Хари го имале првиот разговор со Чарлс и Вилијам по интервјуто

Минатиот викенд принцот Хари за првпат разговарал со неговиот татко, принцот Чарлс и со неговиот брат, принцот Вилијам по интервјуто кај Опра, објави водителката на „Си-Би-Ес“ Гејл Кинг.

Вели дека телефонскиот разговор не бил многу продуктивен. Хари и Меган Маркл се надевале оти кралското семејство ќе интервенира и ќе им каже на медиумите да престанат да пласираат лажни приказни со расистички примеси.

Сепак, таа не откри за какви приказни станува збор.

-Не сакам да давам ексклузиви, но вистина е дека се слушнав со нив за да дознаам како се чувствуваат и тогаш ми открија дека Хари разговарал со неговиот брат, но исто така и со неговиот татко. Ми рекоа дека разговорот воопшто не бил продуктивен, но од друга страна тие се задоволни што воопшто започнале да разговараат. За жал, никој од кралското семејство сè уште не стапил во контакт со Меган и мислам дека е многу фрустрирачко што продолжува да се зборува за расистички испади кога единственото нешто што навистина го сакаа е кралското семејство да интервенира со цел да се спречи пласирањето на овие лажни приказни од страна на медиумите, истакна Кинг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2021 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега