Меган Фокс за првпат објави фотографија со ново момче, поранешниот сопруг и возврати брутално (ФОТО)
Се чини дека поранешниот сопруг на Меган Фокс, актерот Брајан Остин Грин сепак не го прифати разводот така добро како што сакаше да прикаже во јавноста кога отворено проговори за нивното разделување по 10 години брак.
Меган веднаш по разводот почна врска со раперот Машин Ган Кели, а вчера на Инстаграм за првпат објави заедничка фотографија.
-Момче кое е толку убаво, што боли. Моето срце е твое, напиша Меган под црно-белата фотографија.
Не требаше долго за нејзиниот поранешен сопруг индиректно да реагира на оваа објава. Тој објави низа фотографии на кои се нивните три заеднички сина, Ноа, Боди и Џрни, но и неговиот најстар син од првиот брак, Касиус.
-Дечки толку убави, што боли. Моето срце е ваше, напиша Брајан алударијќи на објавата на Меган.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа