Мега апсење во Црна Гора поради 2,5 тони марихуана: Одземени глисер, возила, оружје и пари

Во обемната полициска акција на „Замка“ во Црна Гора, денес беа уапсени 24 лица, кои се товарат за шверц на 2,5 тони марихуана.

Акцијата ја спроведоа службениците на Секторот за борба против организиран криминал и корупција - Одделот за борба против шверц на дрога.

Во полициското соопштение се наведува дека организаторите и членовите на криминалната организација обвинети за криумчарење големи количини марихуана, од правец на Албанија, преку територијата на Црна Гора, во земјите од регионот и понатаму кон земјите од Европската унија, биле уапсен.

Во досегашната истрага, со пресекување на шверцерските патишта што ги користеле членовите на оваа криминална група во 11 индивидуални заплени, била пронајдена и одземена половина тон марихуана.

Наведено е дека во обемната акција учествувале 180 полицајци - припадници на Специјалниот полициски сектор, Граничната полициска станица Улцињ и безбедносните центри во Никшиќ, Херцег Нови, Бар и Подгорица.

За време на акцијата биле одземени пет возила, глисер, пиштол и ловечка пушка, како и вага за прецизно мерење, пари, неколку телефони и СИМ-картички.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2021 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа