Меџити во „Клик плус“: Европскиот фронт повеќе наликува на сицилиски фронт
Во емисијата Клик плус на националната телевизија ТВ 21 Македонија, лидерот на Демократското Движење, Изет Меџити го оцени таканаречениот Европски фронт на ДУИ, сицилиски фронт, како што рече гледајќи ги нивните постапки во последните месеци.
„Ако гледаме што се случува со измените во Кривичниот законик, со ситуацијата во Будимпешта, со континуираното отворање на казина и брзи пари, кои се легално лихварство, овој фронт повеќе личи на сицилиски фронт“, рече Меџити на прашањето на новинарот Фатмир Алиу, дали ДД ќе се приклучи на Европскиот фронт на Груби.
Меџити одговори и на обвинувањето на Зијадин Села дека го киднапирал пратеникот Кастриот Реџепи, велејќи дека Села треба да биде благодарен што Реџепи ја спаси европската интеграција на земјата, и го спречи Села да ја направи најголемата грешка во кариерата и што ќе му дадеше крај на неговиот политички живот, по коалицијата со Апасиев, рече Меџити.
„Ако Кастриот беше киднапиран, по ослободувањето ќе се вратеше во својата партија, немаше да седи со мене и да го основаше ДД“, рече Меџити.
Европскиот фронт е само фарса и дава празни ветувања за да му го продолжи животот на владата до следните парламентарни избори, рече Меџити.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа