Медицинските експерти одговараат – како да знаете дали веќе сте го прележале коронавирусот

Симптомите на Ковид-19 тешко можат прецизно да се утврдат – варираат од случај до случај и нивната моќност се разликува, а дури 25 отсто од заразените пациенти се асимптоматски носители, односно оние кои што воопшто не покажуваат знаци на инфекцијата, или пак истите се незабележителни.

Двајца медицински работници, д-р Вилијам Хилман и д-р Дејвид Букхолк од САД одговараат на прашања за Ковид-19.

1. Постои ли некаков начин да дознаеме дали некој имал Ковид-19, а да не знаел за тоа?

„Во овој момент немаме тест за тоа. Развиваме тестови врз основа на антитела за да провериме дали некој имал инфекција, но се уште не се подготвени за употреба. Единствен сигурен начин да дознаете дали некој имал коронавирус е да се тестирате додека имате некакви симптоми и тестот да биде позитивен“.  

2. Дали е можно да сум имал корона, а да сум немал никакви симптоми за болеста?

„Коронавирусот има широк спектар на симптоми, од луѓето кои што воопшто немаат симптоми до оние со благи симптоми, слични на настинка – течење на нос и главоболка, до луѓе со потешки симптоми – температура, болки во мускулите, недостаток на кислород, кашлање... Тоа се луѓе со тешки заболувања кои што имаат големи респираторни проблеми и на кои неопходна им е медицинска нега“.

3. Колкав е процентот на луѓето кои што не покажуваат симптоми?

„Моментално во Њујорк ги тестираме само оние со најтешки симптоми. Значи, немаме точен податок за тоа. Меѓутоа, истражувањето во Исланд покажало дека 50 отсто од заразените пациенти не покажале никакви симптоми“.

4. Дали луѓето кои што се асимптоматични можат да го пренесат вирусот?

„Поголем дел од луѓето немаат симптоми, а се заразени само некој период. Но, не знаеме колку долго, затоа што во овој момент немаме на располагање тестови за асимптоматска инфекција. Кога луѓето немаат симптоми, тие се заразни и ден до два пред да се развијат симптомите, а откако ќе се појават симтомите тие продолжуваат да бидат заразни“.

5. Доколку сум прележал коронавирус, можам ли повторно да бидам заразен?

„Не постојат докази дека некој двапати заболел од вирусот. Некој кој што има нормален имун систем, кој што реагирал на вирусот и оздравел, би требало да има добар имунитет подолго време, една година најмалку, па можеби и целиот живот. Од Кина пристигнаа извештаи за луѓе кои што по втор пат биле тестирани позитивно, но поголем дел од научниците смета дека тоа е проблем на неточно тестирање, а не дека луѓето два пати се заразиле од истата болест“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега