Медицински сестри во Хрватска ограбувале ковид-пациенти - со картичките купувале чевли, краделе телефони

Вработени во ковид-болницата во Загреб краделе накит, телефони и платежни картички од тешко болни пациенти.

Откако ќе го земеле дневниот лимит од банкомат, ја користеле картичката во бутиците. Накитот го нуделе на откуп во златарниците.

Само неколку лица во загрепската болница Дубрава се подготвени да коментираат за апсењето на двајца нивните вработени кои го краделе имотот на најсериозните пациенти на болничкиот ковид-оддел. Тие се благодарни на полицијата која ги открила сторителите и со тоа ја отстранила дамката од главната болница во Хрватска.

На полицијата и е благодарен и Горан, чиј татко Љубомир Мрѓа (65) починал од корона на почетокот на февруари.

„Мајка ми и јас сме среќни што ги најдовме. Не сме спиеле два месеци откако се случи тоа“, рече Горан, чиј татко го изгубил паричникот додека бил на апарат за дишење.

Во средата наутро полицијата му се јавила и му соопштила дека го фатиле крадецот кој го украл паричникот на татко му, му зел пари од сметката и, користејќи ја картичката на Љубомир, пазарувал во продавница.

Во средината на јануари, таткото на Горан, Љубомир Мрѓа, завршил во болница поради влошување на симптомите на Ковид-19, прво во пулмологија, а потоа, бидејќи неговата состојба продолжила да се влошува, бил приклучен на апарати за дишење.

На пат кон болница, Горан го ставил паричникот во внатрешниот џеб на јакната, во кој имало и банкарска картичка.

По неколку дена, тие се сетиле на паричникот и отишле да го проверат салдото на сметката. Откриле дека 5.000 куни биле повлечени од сметката двапати во еден трговски центар, каде што во една продавница  со картичката биле купени еден чифт чевли  од 300 куни.

Горан веднаш пријавил сè во полиција, која сега ја заврши кривичната постапка против двајца вработени во КБ Дубрава, на возраст од 45 и 51 година, кои се осомничени за тешка кражба и банкарска измама.

Тие исто така објаснија дека станува збор за два одделни случаи, односно дека вработените не постапувале заедно или во договор. Како што неофицијално е потврдено, станува збор за две медицински сестри.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2021 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега