Медицинска сестра тврди дека сите пациенти заразени со коронавирус кои ги примала имале еден симптом - може да се види во огледало

Една од медицинските сестри во болницата „Life Care Center“ во Киркланд, кој важи за жариште на епидемијата коронавирус во Вашинготн, Челси Ернест открила еден единствен и најважен симптом на Ковид-19 кој го забележала кај секој пациент - црвени очи.

Таа за Си-Ен-Ен истакнала дека ова е најкарактеристичен симптом, односно дела лично била сведок дека е присутен кај сите пациенти заразени со коронавирус кои ги сретнала.

„Нивните очи изгледаа како ...кај некој кој има алергиска реакција. Нивните белки не беа црвени, туку тоа повеќе беше како да имаат црвена сенка, како да им се црвени капаците околу очите“, раскажала Челси.

Ернест тврди дека заразените кои стигнале во оваа болница често немале ниеден друг симптом.

„Имавме пациенти кои немаа никакви други симптоми, ниту тегоби, освен црвени очи. Дури и еден медицински техничар од Брзата помош ме погледна и ме праша: „Дали мене ми е чини или тие сите имаат црвени очи?“. Му одговорив дека добро претпоставува“, рекла таа за Си-Ен-Ен.

Од друга страна СЗО, но и американскиот Центар за контрола и превенција на болести на листа на симптоми кои ги објавуваат не наведуваат црвени очи како еден од можните симптоми.

 

Инаку, неодамна Американската Академија за офтамологија испратила предупредување дека 1 до 3 отсто луѓето заразени со коронавирус може да развијат конјуктивит, советувајќи ги колегите да носат заштитни маски и очила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега