Медицинска сестра се обидела да докаже дека вакцината против Ковид-19 ја претворила во магнет,но стана мета на критики и потсмев

 

Многу Тиктокери во последните неколку дена објавија видеа во кои тврдат дека вакцината против Ковид-19 ги „магнетизирала“.

Медицинската сестра Џоана Оверхолт од Охајо е една од нив. Таа своето тврдење го изнела дури и пред министерството за здравство, а се обидела да го докаже истото прилепувајќи клуч и шнола на вратот.

„Можете ли да го објасните ова?“, прашала Џоана пред да ѝ пропадне демонстрацијата.

Откако таа прилепила клуч на градите, тој за брзо време паднал, но не успеала во намерата да прилепи ниту еден од предметите за вратот. Тоа се случило бидејќи човечкото тело лачи себум и пот, па затоа кожата е леплива и предметите можат накратко да се прилепат за неа.

10.06.2021 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега