Медицинска сестра од Општата болница во Охрид почина од КОВИД-19

Од Општата болница во Охрид соопштија дека нивната медицинска сестра Дијана Димоска, на три дена пред да наполни 49 години, ја загуби битката со коронавирусот.

Како што се вели во објавата на официјалната Фејсбук страна, Димоска е родена на 29 септември 1971 година, во Загреб. Својот професионален ангажман го започнала во 1993 година на одделот ОРЛ, потоа во невропсихијатрискиот оддел, а последните години била дел од тимот во одделението за интерни болести.

„Нејзината прерана cмpт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас. Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај пациентите и кај вработените. Почивај во мир драга сестра Дијана. Твојот ведар лик вечно ќе остане во нашите сеќавања. Со длабока почит, порачуваат вработените од ЈЗУ Општа Болница Охрид“, пишува во објавата на ЈЗУ Општа болница – Охрид.

Денес Општа Болница Охрид тагува Нашата медицинска сестра Дијана Димоска родена на 29.9.1971 во Загреб, ја загуби...

Posted by JZU Opsta Bolnica- Ohrid on Saturday, 26 September 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.09.2020 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега