Медицинска сестра од „8-ми Септември“ почина од коронавирус: „Ќе ја паметиме по ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше“

Здружението на мед ицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри соопшти дека медицинската сестра Нашиде Емини (Naside Emini 1961-2021) која долги години била дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ - Скопје починала од коронавирусот.

„Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.

Унијата заедно со целото членство изразува длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски“, стои во бојавата на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа