Медицинска сестра која го победи коронавирусот даруваше крвна плазма

Шест лица денеска даруваа крвна плазма, а меѓу нив беше и една медицинска сестра од Штип која го победи корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

-Да им помогнеме на заболените од ковид-19 побрзо да оздрават. Досега се обезбедени 52 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со коронавирус. Благодарност до сите хумани дарители, велат од МЗ.

Оттаму ги повикаат. сите излекувани пациенти кои ги исполнуваат условите за дарување плазма да даруваат. Да бидат хумани и да спасат човечки животи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега