Мечка утрово нападна стадо со овци кај Крклино, битолско, објави градоначалникот Тони Коњановски.
-Ве информирам дека утрово околу 9:30 е пријавено дека мечка нападна стадо со овци во атарот на село Крклино, под манастирот во близина на каналот на хидросистемот Стрежево, при што една овца настрадала. Сопственикот на стадото го пријавил настанот во СВР Битола, а и јас контактирав и со него и со СВР Битола од каде ме информираа дека екипа излегла на лице место, направила увид и го документираше настанот.
Исто така контактирав и информирани се и Центарот за управување со кризи и инспектор за лов при државниот инспекторат за шумарство и ловство при Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.
Ќе се испрати допис до Министеството за земјоделие и Министерството за животна средина кои се надлежни за постапување во вакви ситуации за соодветна реакција од страна на надлежните со оглед на тоа што се работи за мечка, животинска врста која е ставена под заштита на законот, соопшти Коњановски .


