МБА: Граѓаните да не се вознемируваат од неточни и непроверени информации за банкарскиот систем
Македонската банкарска асоцијација (МБА) ги отфрла како неточни и општествено неодговорни тврдењата од одредени субјекти во текот на изминатите денови. Воедно апелира, „граѓаните да не се вознемируваат од изјави и објави на неточни и непроверени информации за банкарскиот систем“.
-Препорачуваме да се следи официјалниот извор на информации за работењето на банките – Народната банка согласно која банките се стабилни и сигурни, располагаат со исклучително високо ниво на ликвидност, а солвентноста е повеќе од двојно повисока од законскиот минимум, наведува МБА.
Според Асоцијацијата, банкарскиот систем во секој момент може да одговори на потребите на граѓаните и компаниите, преку квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – преку безбедност за нивните депозити.
-Тоа се темели на стабилноста и сигурноста на банките и е демант на секоја пласирана невистина којашто се однесува на банкарскиот систем, стои во сооптшението од МБА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа