Мажите повеќе од жените „киснат" на Фејсбук во Македонија

Мажите повеќе од жените се на социјални мрежи, информира Асоцијација за е-трговија на Македонија.

Интернет пенетрацијата е зголемена на 79,3 % опфат на домаќинствата во првото триемесече од 2018 година, спрема 73,6 % во истиот период минатата година, а кај нас 79,2 % од популацијата на возраст 15-74 години употребило интернет или околу 1,3 милиони жители. Од тоа машкиот пол повеќе (80,9%) од женскиот (77,4%). 97,5 од младите на возраст 15-24 години употребиле инетрнет, а најмалку употребувале интернет во страосната група 55-74 години (46,7%) во изминатите 12 месеци.

Македонците на интернет најмногу зборувале и учествувале на Фејсбук и тоа 64.8% од интернет корисниците, но помалку од минатата година односно 83,8%. Што се однесува до користење на интернет за социјални мрежи кое е најголемо, мажите (68,6%)  многу повеќе од жените (60,9%) учествувале на социјалните мрежи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега