Маж застрелан на популарна плажа во Хрватска

 

Утринава околу шест часот хрватската полиција добила дојава дека едно лице е рането од огнено оружје во Колањски Гајец на Паг, во месноста Катарелац.

Станува збор за една од плажите покрај популарниот Зрче.

На местото на инцидентот биле испратени полициски службеници, а набрзо во полициските простории било приведено лице поврзано со наведениот настан.

Ранетиот починал во возилото на брзата помош на пат кон болница.

На местото на инцидентот се води истрага, како и кривична истрага за да се утврдат сите факти и околности на настанот, пренесе Блиц.рс.

25.08.2022 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега