Маж украл банкарска картичка од охриѓанец и си вадел пари од неа

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Т.(55) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Тој, на 27.03.2020, од 67-годишен охриѓанец одзел банкарска картичка, која ја искористил преку ПОС терминали во повеќе трговски објекти и се стекнал со противправна имотна корист од 34.366 денари. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега