Маж со тешки повреди донесен на Клиника

 

Маж се здобил со тешки телесни повреди при поправање на камион, информира МВР. Вчера во 12:00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Прилеп, на местото викано „Црвени Брегови“, во стовариште за песок, 61-годишниот О.И. од село Селце, додека поправал камион се здобил со тешки телесни повреди и бил префрлен во комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’.

Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега