Маж се скарал со папагал, па реагирала и полицијата

 

Полицијата на југот од Германија морала да реагира за „семејно насилство“, но констатирала дека всушност станува збор за машко лице кое се карало со папагал.

Жител на Лерах, место во близина на границата со Швајцарија, пријавил во полиција откако слушнал гласна кавга во соседниот стан.

Полицијата дошла во станот каде се одвивала жолчната расправија, но утврдила дека караницата избила меѓу 22-годишен маж и папагал.

Тој изјавил дека папагалот, кој инаку е на неговата девојка, многу го нервира.

На овие заборови ни папагалот не останал должен, па пред полицајците возвратил испуштајки гласни звуци.

Во полицискиот извештај било заведено дека папагалот не знае да зборува, но дека знае да испушта звуци кои наликуваат на кучешко лаење.

Бидејќи во овој конфликт немало повредени, учесниците добиле само предупредување.

 

 

 

17.05.2018 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа