Маж се претставувал како полицаец и изнудувал пари од граѓани од Охрид, Струга и Кичево

Полицијата од Охрид трага по лице кое лажно се претставува како полициски службеник и врши измама на граѓани од Охрид, Струга и Кичево.

Според СВР – Охрид, измамникот се јавувал по телефон кај граѓани и во својство на полицаец ги информирал за наводно случена сообраќајна незгода со жртви или тешко повредени лица – членови на нивните семејста.

Користејќи ја нивната вознемиреност и загриженост, од нив се обидувал да изнуди парични средства за натамошна постапка.

Од полицијата ги информираат граѓаните да не наседнуваат на такви информации и истите да ги пријават на 192 или во најблиската полициска станица. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2021 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа