Маж се обидел да киндапира девојче од детско игралиште во Будва

Родителите на деветгодишно девојче од Будва пријавиле во полиција обид за киднапирање на нивната ќерка, која наводно непознат човек на сила се обидел да ја земе од игралиштето.

Според весникот „Дан“, тоа се случило на игралиштето во населбата Голубовина, а како што се наведува, девојчето успеало да избега, пренесува РТЦГ.

Случајот бил пријавен во полиција, од каде што велат дека во овој момент не може да го потврдат или негираат обидот за киднапирање.

„Изјавите се земени од неколку лица. Во тек е кривична обработка, така што заради понатамошно истражување, не можеме да дадеме повеќе информации во моментот. Кога ќе бидат направени сите проверки, ќе ја информираме јавноста“, соопшти полицијата.

Како што се наведува, полицијата трага по лицето чиј опис го добиле за да утврдат дали се точни наводите на девојчето.

По повод овој настан, мајката на девојчето на „Фејсбук“ ги повика родителите од таа населба да бидат со своите деца додека се на игралиште.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа