Маж пронајден мртов во близина на напуштени тоалет кабини кај езерото Треска

 

Вчера во 14:45 часот во Полициска станица Сарај било пријавено дека во СРЦ Езеро Треска, во близина на напуштени тоалет кабини, од малолетни лица било пронајдено безживотно машко тело, информира МВР

-По утврдување на идентитетот било констатирано дека станува збор за Ф.Ј.(46) од село Никиштани. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за погреб - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега