Маж осуден на 18 месеци затвор за уништување слика на Пикасо

Во Велика Британија, еден човек вчера беше осуден на 18 месеци затвор поради уништување слика на Пабло Пикасо, вредна 20 милиони фунти, во уметничката галерија Тејт во Лондон.

Судот објави дека лани на 28 декември, Шакил Маси неколкупати ја удрил сликата со катанец, а потоа ја симнал од ѕидот и ја фрлил на земја. Маси (20) го признал делото.

Се работи за сликата под наслов „Биста на една жена“ од 1994 година.

При апсењето, Маси ѝ рекол на полицијата дека неговата акција е уметнички перформанс. За време на изрекувањето на казната, судијата неговите постапките ги оцени како – „обид да се добијат петте минути слава“.

Според стручњаците, поправката на сликата ќе трае 18 месеци и ќе чини 350.000 фунти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.08.2020 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа