Маж од Неготино измамил три лица: Ги лажел дека ќе им најде работа во Германија и им барал пари

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино, поднесе кривична пријава против 32-годишниот Д.К. од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Д.К. преку интернет нудел посредување за работа во Германија, држејќи во заблуда три лица од кои две од Неготино и едно од Демир Капија, со наведување да уплатуваат парични средства на трансакциски сметки на две банки во разни суми, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 119.450 денари, за кој износ тие биле оштетени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега