Маж од Дебар физички нападнал полицаец откако неговиот син бил сопрен со мопед

Жител на Дебар физички нападнал полициски службеници откако неговиот син бил сопрен со мопед на главната улица во градот.

-Вчера  во 17.45 часот во Одделението за внатрешни работи приведени и од слобода се лишени  Е.Ј.(18) и У.Ј.(55), двајцата од Дебар. Е.Ј. откако бил сопрен со мопед на улицата „Братство – единство“ во Дебар, одбил да им ги даде личните и возачките документи на полициските службеници. Го повикал неговиот татко У.Ј., кој ги попречувал полициските службеници во постапката за констатирање сообраќаен прекршок и физички ги нападнал, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека по целосно документирање на случајот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава.

Низ улиците во градот не е мал бројот на млади кои се движат со мопеди и со голема брзина, кои и во текот на ноќта ги вознемируваат жителите на градот со бучавата што ја создаваат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега