Маж итно пренесен на Клиника- во бессознание лежел на коловозната лента

Маж во безсознание лежел покрај автопатот Скопје- Куманово, па откако го забележале лицето било пренесено на Клиника каде е утврден неговио идентитет.

-Вчера во 05.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје - Куманово, под надвозникот „Маџари“, на коловозната лента за излез од Скопје, лежело машко лице во бессознание. Лицето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а по преземени мерки било утврдено дека станува збор за  Д.Ј.(64) од Скопје- соопштуваат од МВР.

На местото не биле пронајдени траги од насилство. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега